Search

Трамп за средбата со Путин: Имавме одличен состанок, тој е одлична личност

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека било постигнато многу во трговските преговори со рускиот претседател, Владимир Путин.

„Имавме одличен состанок. Мислам дека тој е одлична личност. Постигнавме многу, зборувавме за трговијата. Би требало да имаме трговска размена помеѓу Русија и САД, тоа се две големи земји. Имавме многу добар состанок вчера“, изјави Трамп.

Путин и Трамп се состанаа вчера на самотот Г20 во Осака, каде разговараа час и 20 минути, потсетува „ТАСС“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека на состанокот, двајцата лидери се договориле наскоро да се сретнат и министрите за финансии на Русија и САД.

Треба да знаете
Последни објави