Search

Министерот Хусни Исмаили на отворањето на Меѓународниот  конгрес на општествени науки во Скопје

Министерот за  култура  Хусни Исмаили, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на 5. Меѓународен конгрес на општествени науки кој оваа година во соработка на Меѓународниот Балкански универзитет, Универзитетот на Тракија, Универзитетот Намик Кемал од Текирдаг и Универзитетот Мармара се одржува во Скопје.

Во своето поздравно обраќање министерот Исмаили  го изрази задоволството од досегашната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција која се одвива во духот на пријателството и традицијата, со постојани заложби за нејзино унапредување.

Министерот Исмаили говореше за непроценливата важност што културата, науката и образованието ги имаат во градењето на пријателството и довербата помеѓу земјите од  светот, споменувајќи ги бројните заеднички реализирани проекти во културата, уметноста, издаваштвото, соработката со ТИКА, како и соработката во областа на образованието и размената на искуства, што претставуваат светол пример и афирмација на универзалните вредности кои, пак, помагаат за поголемо взаемно почитување, запознавање и градење свет на толеранција, богат со различности кои меѓу себе се надградуваат создавајќи нов квалитет.

Покровител на Конгресот кој на Балканскиот универзитет се одржува денес и утре е претседателот на законодавниот дом на Турција, проф.др. Мустафа Шентоп. На отворањето беа присутни и амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, министерот за јавна администрација на Република Косово, Махир Јагџилар, заменик-претседателот на Собранието на Турската Република Северен Кипар, Зорлу Торе, високи гости од Турција, пратеници и професори од двете земји.

Конгресот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Турција,  ТИКА, Институтот Јунус Емре, Унијата на општини на Турција, Општините Османгази, Бахчелиевлер, Сивас и Сулејманпаша од Турција, Туркиш Ерлајнс и Стопанската Комора на Измир.

Покрај протоколарниот дел ќе се одржат и три панели со учество на еминентни панелисти од земјава и од странство.

Треба да знаете
Последни објави