Search

Др.Цветковиќ: И мажите се подмладуваат со ботокс и филери

Убавината е вечна тема на која работат жените. Скоро секоја од нив се бори на свој начин против староста и брчките на лицето. Во последно време се зголемува бројот на клиентките кои сакаат да го запрат времето за себе. Го прашавме доктор Коста Цветковиќ дали Македонките се задоволни од својот изглед? Тој за 24 инфо вели дека трендот на убавина во поново време  се повеќе го интересира и машкиот пол. И тој како еден од нив ги користи третманите кои ги нуди во неговата ординација и на шега вели дека од прва рака може да гарантира за нивниот квалитет и резултати.

Трендот на естетската дерматологија е во постојан пораст и тоа е резултат на одличните резултати кои се постигнуваат со третманите за ботокс и за дермален филер. Оваа гранка е меѓу најдинамичните во медицинската наука и новитети како и нови модалитети има постојано а наша задача како лекари-дерматолози е да одиме во чекор со нив. Резултатот од горенаведеното е, се разбира, и зголемување на бројот на клиенти. Како нација дефинитивно ги пратиме трендовите, па така имаме се повеќе пациенти кои веќе ги познаваат третманите и се задоволни со квалитетот на услугите кои ги нудиме- вели доктор Цветковиќ.

Има ли старосна граница кога се почнува со третмани за да се забави стареењето?

Секако дека постојат параметри кон кои се придржуваме строго со цел да ги постигнеме најдобрите резултати. Еден таков параметар е и старосната граница. Во принцип оптимумот за да се запре стареењето е некаде околу 35тата година како за филерот така би рекол и за ботоксот, но има и отстапки како третманот со филер за аугментација на усните кој е по популарен кај младата популација.

Во вашата ординација се нудат многу третмани. Кои се најбарани?

Ботоксот и филерот предоминираат, но имаме и многу побарување за ласерското отстранување на влакната, мезотерапевтските опции за косопад, дермапен за лузни од акни и ПРП (вампирскиот третман).

 Може ли да направите анализа што бараат жените до 25, тие до 35 и тие кои се над 45 години?

Се разбира! Како што веќе нешто напоменав, младите генерации се заинтересирани за филер третман за зголемување на усните, корекција на носната силуета и фините имперфекции на лицевите линии. Постарата генерација е таа која е повеќе заинтересирана за аугментација и корекција на грешките кои се резултат на возраста а тука ги вметнуваме јагодиците на лицето, брчките на челото како и околу очите.

Ботокс и филери на лице и усни. Се бараат ли корекции на други делови на телото?

Во поново време се увиде дека филерот и ботоксот можат да најдат примена и на други места освен на лицето. Еден таков пример е ботоксот под пазуви, на дланки и стапала за оние луѓе кои имаат мака со прекумерно потење. Новитет во филерите е пополнување на подочниците и рејувенација на годниот дел од дланките како најјасен индикатор за возраста.

Во вашата ординација доаѓаат и многу естрадни ѕвезди, познати личности, политичари. Имаат ли тие некои посебни барања?

Естрадните ѕвезди немаат некои особени барања. И тие се пациенти исто како и остатокот од популација на таа возраст што бара решение за имперфекциите на нивното лице или за нагласување на веќе убавите карактристики. Единствената работа кој ги одделува е што се веќе многу информирани за можностите кои ги нудиме и бараат влегување во детали кои би рекол не се пракса за многу лекари во оваа гранка.

 Колку мажите внимаваат на својот изглед и какви третмани бараат во вашата ординација?

Разлики во желбите и индикациите кај мажите и жените се големи и  видливи и тоа е повеќе од јасно, но трендот на убавина во поскоро време можам да констатирам дека се повеќе го интересира и машкиот пол. Третманите кај мажи се повеќе во поглед на контур на брадата со ласерот за епилација, ботокс за некои брчки и мезотерапевтските опции за косопад/зајакнување на косата.

 Се случило ли до сега да вградите филиери на пример во усни или лице и клиентката иако сте ја предупредиле дека количината која ја бара е преголема да инсистира на тоа додека трае третманот, а потоа да не е задоволна од изгледот? Што во таква ситуација?

Проценката се прави веднаш и независно од желбите на пациентот, се гледа на можностите. Сме имале примери каде поголема количина на филер е побарана од нас, но не секогаш сме ја одобриле поради преголемиот ризик од несакани ефекти. Според анатомијата на лицевата регија, кај некои индивидуи тоа е изводливо со минмален ризик, но доколку безбедноста се загрози тогаш инсистираме тоа да се одложи или модифицира за обострано задоволство и кај нас и кај нашите клиенти.

 Нудите и трајна депилација. Колку е ефикасна и колку третмани се потребни?

Ласерската епилација е најсовермениот, но воедно и најдобриот начин за решавање на несакана влакнетост. Бројот на третманите е индивидуален параметар кој се проценува при преглед/консултација со пациентот но и зависи од многу други фактори (квалитет на влакно, пигмент, дебелина, локализација и сл). Ако морам да споменам, тогаш би рекол дека просекот до сега е некаде 4 третмани кои се изведуваат на интервал од 4-6 седмици.

 Како лекар и сопственик на ординацијата користите ли дел од вашите третмани и што најчесто?

Ова е интересно прашање и да, се разбира дека користам дел од услугите кои ги нудиме на нашите пациенти. Ласерот и третманите за лице се најчестите третмани кои ги практикувам за сопствени цели. Затоа од прва рака можам да гарантирам за нивниот квалитет и резултати.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави