Search

Десетици илјади луѓе протестираа во Берлин

На протестен митинг во Берлин за поправедна и одржлива економија, организиран од страна на најголемиот германски синдикат, се собраа десетици илјади луѓе.

Тие побараа од владата и работодавачите да направат големи промени во енергетската и сообраќајната политика и да изготват планови за обезбедување работни места во економијата која се повеќе станува дигитализирана.

Демонстрантите пред Бранденбуршката порта носеа црвени маици и слогани „Без план? Без нас!“, пренесува хрватски „Индекс“.

Според организаторот на настанот, синдикатот „ИГ Метал“, на истиот се собрале 50.000 луѓе, а полицијата објави дека имало десетици илјади присутни.

Треба да знаете
Последни објави