Search

Хан: Отворање на нови поглавја со Србија во втората половина од оваа година

врокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан, денеска во Брисел изјави дека отворањето на 9-то поглавје за Србија е важен чекор во преговорите за членството во ЕУ и го повика Белград да ги забрза реформите, со цел отворање на новите поглавја до крајот на оваа година.

„ЕУ останува целосно посветена на ЕУ перспективата на Србија, а Европската Комисија и земјите-членки секогаш поддржуваат отворање на нови поглавја ако земјата напредува во областа на реформите. Убеден сум дека во вториот дел од оваа година ќе има уште отворени поглавја“, порача Хан, пренесе „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави