Search

Нов протестен марш против труењето кучиња

Нов протестен марш против труењето кучиња ќе се одржи денеска. Група граѓани, неофицијално здружени под името „Шепасти ентузијасти“ најавуваат дека ќе излезат на улица за да побараат од институциите да ги применуваат законите што ги штитат правата на животните, но и да преземат одговорност за непостапување по однос службена должност.

Протестниот марш ќе започне во 18 часот од Собрание, по што ќе продолжи кон Влада.

 

Тие бараат МВР веднаш да излезе на терен да собира докази и по службена должност да ги достави на испитување во одделот за криминалистичка техника и судска медицина. Потоа, судска медицина да изврши аутопсии (некропсии) на труповите, а обвинителство да покрене обвинителен акт.

 

Покрај ова, бараат здружен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделство (во чија надлежност е контрола на промет на опасни супстанци), како и Државниот инспекторат за животна средина кој ќе констатира опасност по животната средина, Инспекторат за здравство кој ќе констатира опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните. Исто така се бара инспекторатите да достават соодветни решенија до МВР со лица кои набавиле такви супстанци во скоро време и/или да ги казни аптеките и да им изрече времена забрана за вршење дејност ако тие супстанци ги издале без соодветни процедури.

Треба да знаете
Последни објави