Search

Богдановиќ ќе ги урива сите диви тераси во Центар

Општина Центар покрај во Дебар Маало ќе урива нелегални летни тераси и низ останатите делови од општината, најави градоначалникот Саша Богдановиќ. Тој истакна дека имаат издадено решенија за отстранување на летни тераси и на Кеј 13 Ноември, улица Македонија, во ТЦ Буњаковец и во Капиштец.

-Одиме по ред. Откако ќе завршиме со Дебар Маало продолжуваме на другите локации за кои имаме издадено решенија поради отстапувања од Правилникот за поставување летни тераси. Сопствениците на дел од објектите веќе сами почнаа да ги отстрануваат нелегалните тераси. Во фаза е и поништувања на одобренијата кои дел од кафеанџиите ги добиле, а граделе спротивно од нив, рече градоначалникот Богдановиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави