Search

(Видео) Почина Џудит Кранц, кралицата на љубовни романи

Џудит Кранц, авторката на бројни литературни љубовни „блокбастери”, вклучувајќи ги и „Скрупули“ и „Принцезата Дејзи”, која има продадено околу 80 милиони примероци на романи во светот, почина во саботата на возраст од 92 години во Лос Анџелес, објави „Лос Анџелес тајм“.

Книгите од „најпродуктивната жена на треш литература“, како што некогаш ја нарекуваа Џудит Кранц, се преведени на повеќе од 50 јазици.

Таа е родена во 1928 година во Њујорк, а по дипломирањето таа се пресели во Париз, каде што работеше како новинарка задолжена за следење на модата, прво за списанието „Good Housekeeping“, а потоа за „Космополитен“.

Првиот роман „Скрупули“ го напиша во 50. година на поттик од сопругот. По четири месеци книгата се најде на прво место на најпродавани книги на „Њујорк тајмс”.

Треба да знаете
Последни објави