Search

Шефот на Ндрангета побегна од затвор во Уругвај

Италијанскиот мафијашки бос Роко Морабито, кој се наоѓаше во затвор во Уругвај од 2017 година, побегна во текот на минатата ноќ додека чекал да биде екстрадиран во Италија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа јужноамериканска земја.

Морабито беше најбараниот член на калабриската Ндрангета, најмоќната организирана криминална група во Италија и еден од најголемите европски увозници на кокаин од Јужна Америка.

Познат под името „Милански крал на кокаинот”, 52-годишниот Морабито е уапсен по повеќе од две децении поминати во бегство поради пресуда за злосторничко здружување, трговија со дрога и други тешки злосторства.

Уругвајското МВР наведува во соопштение дека Морабито и уште тројца затвореници побегнале доцна синоќа преку покривот на поранешниот централен затвор Карсел, кој сега е национален центар за рехабилитација, на соседната зграда.

– Загрижувачки и сериозно е тоа што криминалец како Роко Морабито, шеф на Ндрангета, успеал да побегне од затвор во Уругвај додека чекал да биде екстрадиран во Италија, изјави италијанскиот министер за внатрешни реаботи Матео Салвини.

Треба да знаете
Последни објави