Search

Гужва на грчко-македонската граница, се чека по неколку часа

Огромни гужви има попладнево на грчко – македонската граница за влез во земјава. Според патници кои со часови чекаат да влезат во земјава, има голем застој и коловина возила кои чекаат да го продолжат патувањето.

Тие сведочат дека околу 30-тина автобуси се заглавени и чекаат околу четири часа да ја преминат границата.

Слично беше и утринава кога на десетина автобуси им требаа повеќе од три часа за да влезат во Грција.

Треба да знаете
Последни објави