Search

(Видео) Заев: Сите мрчатори што кубат коси за повратот на ДДВ, да престанат

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање која ќе биде првата работа на која ќе се посвети како министер за финансии, во одбрана на мерката за поврат на ДДВ ги нарече мрчатори сите кои реагираа дека таа повеќе им наликува на популизам отколку на реалност .

„Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ддв и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната админситрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата“, одговори Заев.

(Видео:ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКЕДОНИЈА)

 

Треба да знаете
Последни објави