Search

Умерен земјотрес регистриран во западна Франција

Земјотрес со интензитет од 5, степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во западниот дел на Франција, а беше почувствуван од Бордо на југ до Нормандија на север.

Портпаролот на француската Национална сеизмолошка служба, Мишел Берние изјави дека засега нема информации за евентулани материјални штети.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Бресуир, додека потресот бил почувствуван и во градовите Ле Ман, Нант, Рен и Каен.

Умерените земјотреси се релативно ретка појава во Франција, каде голем број згради од историско значење не се проектирани да издржат јака сеизмичка активност.

Треба да знаете
Последни објави