Search

Си Џинпинг ја заврши посетата на Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпингја заврши дводневната посета на Северна Кореја, каде со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун заклучиле дека јакнењето на билатералните односи во време на сериозни и комплицирани меѓународни односи, за двете земји добро е да има регионален мир, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Кинескиот претседател е во посета на Северна Кореја за да даде поддршка на сојузникот, кој е под притисок поради санкциите на ОН, поради својата нуклеарна и балистичка програма, како и неуспехот во преговорите за денуклеаризација со САД.

Првата посета на кинески лидер во последните 14 години, се одвива една недела пред Џинпинг да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г20 во Осака, додека траат нивните меѓусебни трговски несогласувања.

Ким изјавил дека посетата на кинескиот претседател е клучна, за да му покажат на светот дека пријателството меѓу двете земји е непроменливо. Кина е единствен поголем сојузник на Северна Кореја.

Џинпинг изјавил дека Пекинг и Пјонгјанг се согласиле дека решавањето на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров треба да се решава по политички пат, што е неизбежен тренд, и дека треба да се продолжи со мировните преговори.

Треба да знаете
Последни објави