Search

Оваа баба останала да живее во Чернобил по нуклеарната катастрофа – во себе чува морничави приказни

Оваа баба останала да живее во Чернобил по нуклеарната катастрофа – во себе чува морничави приказни

Ако сте се запрашале зошто овие денови често се зборува за чернобилската катастрофа, тоа е поради серијата која неодамна е емитувана.

Серијата „Чернобил“ покрена лавина приказни за хероите кои се истакнале во нуклеарната кастрофа, но и потсетила на некои заборавени луѓе. Не треба да се заборави дека Чернобил за поедини и понатаму е дом.

Поранешната медицинска сестра Валентина уштеивее во контаминираната зона. Валентина со сопругот кој работел во електрана се доселила во Припјат и таму заедно живееле до експлозијата.

Бабата во едно интервју опишала што се случило ноќта кога избувнала експлозијата. Еден од колегите од болницата дошол по неа во околу 01:35  и ѝ рекол дека мора итно да дојде во болница.

-Работевме цела вечер. Дојдов дома дури утрината. Постојано размислував како да си ги спасам децата, па ги испратив во Белорусија. Мојата ќерка за малку ќе загинела затоа што на бродот имало огромна гужва – рекла Валентина.

Сакам да им порачам на луѓето дека нашата планета е цветот на космосот и дека сме овде гости. Земјата ни е подарена и треба да ја чуваме безбедна. Сакам мир, благосостојба и склад. Навистина имаме доволно за да бидеме среќни – заклучила бабата Валентина.

 

Треба да знаете
Последни објави