Search

Костадинов: Заканувачот на Геровски не е обезбедувач во СДСМ, ќе провериме дали е член на партијата

СДСМ се огради од заканите кои вчера ги примил новинарот Бранко Геровски од извесно лице, кое се претставувало како обезбедувач во партијата на власт. Геровски утрово беше во седиштето на партијата но не го најде заканувачот.

-Утрово дојде господин Геровски, имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои што беа упатени до него, вчера вечер. Секако, како одговорна партија, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се оградуваме и најостро осудуваме каков било обид за навреда или за спречување на изразување на слободна мисла на говор. Тоа не е наша вредност.

Наша програмска определба, наш принцип и наша вредност е да имаме овозможување на слободно изразување на волјата на говор, тоа и го правиме. За тоа доказ се и извештаите на “Репортери без граници” каде што Република Северна Македонија има раст од 15 места во истите тие извештаи.Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме, изјави портпаролот Костадин Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави