Search

Дванаесет мигранти се удавија во близина на Бодрум

Најмалку 12 мигранти се удавиле вчера кога чамецот, со кој сакале да стигнат до Грција, потонал кај брегот на Турција. Спасени се 31 мигрант, соопшти турската крајбрежна стража.

Чамецот се превртел во Егејско Море, во близина на Бодрум, кај грчкиот остров Кос.

Телата на мигрантите биле пронајдени во потонатиот чамец на длабочина од 32 метра, соопшти крајбрежната стража. 

Треба да знаете
Последни објави