Search

Вест Хем со понуда до Макси Гомез

Напаѓачот на Селта Виго, Макси Гомез, добил понуда од лондонскиот Вест Хем Јунајтед.

Како што пишува „Скај”, понудата на англискиот клуб изнесува 32,5 милиони евра плус бонуси, а истата Селта веќе ја прифатила.

Гомез беше на мета на Вест Хем и во јануарскиот преоден рок, но тогаш управата на шпанскиот клуб бараше преголема сума на пари.

Понуда за истиот фудбалер и за иста сума на пари до управата на Селта пристигнала и од Валенсија, така што челниците одлуката каде да ја продолжи кариерата му ја препуштиле на самиот играч.

Треба да знаете
Последни објави