Search

Тачи: На денешен ден пред 20 години српската војска се предаде пред НАТО

Косовскиот претседател, Хашим Тачи напиша на својот профил на „Твитер“ дека на денешен ден пред 20 години, српските генерали се предале пред НАТО и тоа значело крај на геноцидот и слобода за Косово.

„Тоа значеше крај на геноцидот, слобода за Косово и победа на човековите права над сите други. Патот беше болен, но горд во обнова на нашата земја и нашето општество. За светот тоа беше победа на човековите права над сите кршења во минатите векови“, напиша Тачи на социјалната мрежа.

Треба да знаете
Последни објави