Search

Надал го оправда епитетот „крал” на „Ролан Гарос”

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на Гренд слемот „Роланд Гарос” со 3-1, по етови 6:3, 5:7, 6:1 и 6:1.

Мечот траеше 3 часа и четири минути.

За Надал ова е 12. трофеј на „Ролан Гарос”.

Вкупниот награден фонд во Париз изнесуваше 42,6 милиони евра.

Со оваа победа, Надал дојде до 93-тата победа во Париз, турнир на кој има претрпено само два порази, па така со триумфот Шпанецот остана скоро непобедлив во борба за титулата на вториот гренслем во годината.

Интересно е да се напомене дека Надал и Австриецот Тим се четвртиот пар на тенисери кои го играле истото финале две години последователно.

Треба да знаете
Последни објави