Search

Иран ја предупреди Европа да ги нормализира економските врски или да сносни последици

Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф денеска изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат трговските врски со Исламската Република, и покрај американските санкции или ќе се соочат со последиците.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, којшто светските сили потпишаа во 2015 година, и повторно воведе сеопфатни санкции.

Франција, Велика Британија и Германија ја споделуваат американската загриженост за развојот на балистичките проектили и активностите во регионот, но застанаа во одбрана на Договорот, како најдобар начин за ограничување на иранската програма за збогатување ураниум, што претставува потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје.

– Европејците и дриугите потписници на нуклеарниот договор би требало да ги нормализираат економските врски со Иран…Ќе престанеме да ги исполнуваме обврските или ќе преземеме акции соодветни на нивните мерки, потенцираше Зариф.

Треба да знаете
Последни објави