Search

ФИФА му ја укина суспензијата на Рајола

 ФИФА ќе ја укине суспензијата на Мину Раиоли, со што на Италијанецот му се одврзани рацете да ги продава своите играчи во текот на летниот преоден рок.

Како што пишува „Дејли мејл”, казната на Рајоли ќе биде укината и ќе може да ги продаде своите највредни играчи ова лето, меѓу кои се Матис де Лихт и Пол Погба.

Откако му беше изречена казната, најпознатиот фудбалски менаџер во светот ја обвини ФИФА дека подлегнала на притисоците на Италијанската фудбалска федерација, која наводно сакала да се пресмета со него.

Рајола беше суспендиран на три месеци на 9 мај, непосредно пред почетокот  на летниот преоден рок, што значеше дека нема да може да ги продава играчите во англиските клубови, бидејќи периодот на транзиција во Англија завршува на 8 август.

Треба да знаете
Последни објави