Search

Осмиот Струмица опен фестивал почнува утре со полумаратон

Со полумаратонот „Струмица на улица” почнува осмото издание на Струмица опен фестивал. Повеќе од 400 рекреативци и атлетичари ќе трчаат по струмичките булевари на вториот полумаратон.

Според организаторите, годинашното издание ќе биде во знак на спортот, културата, уметноста и музиката.

– Првпат Струмица опен фестивал ќе трае три месеци, односно 10 недели. Во тој период ќе се одржат вкупно 27 настани на рекордни 13 локации во Струмица и околината, информираше Томи Печков од Здружението „Културно-забавен живот”.

Главни ѕвезди на фестивалот се хрватската пејачка Северина и Горан Бреговиќ со „Бијело дугме”. Учесниците во музичката програма ги соопшти градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој  информираше дека Општината го помога одржвањето на фестивалот со 3 милиони денари.

– Особено задоволство ми претставува тоа што фестивалот бележи огромен раст на бројноста и квалитетот на настаните. Од фестивал со седумдневна програма, денес сме тука за да презентираме програма од тримесечно културно лето. Интернационалните гости, не само како дел од програмата, туку и како посетители кои ги полнат хотелските капацитети во  август, се вистински показател за растот на оваа манифестација во силен струмички бренд, рече градоначалникот Јаневски на вечерашната прес-конференција.

На големата музичка сцена на плоштадот „Гоце Делчев” последните три фестивалски денови, 16, 17 и 18 август, ќе почнат со настапите на „Brass Brothers”, Перо Христов со неговиот 50-годишен јубилеј кариера, „Јупитер” и гости од „Никад није касно” и Жељко Самарџиќ. На 17 август концерти ќе одржат Дарио, Бени и „Нон стоп” и хрватската и балканска ѕвезда Северина.

Фестивалот ќе заврши на 18 август со „2Бона”, Мирза Селимовиќ и Горан Бреговиќ со „Бијело дугме”.

Треба да знаете
Последни објави