Search

Десетици илјади луѓе ја поддржаа Парадата на гордоста во Варшава

Десетици илјади луѓе се приклучија денеска на Парадата на гордоста во Варшава во време кога правата на хомосексуалците стануваат главно прашање во предизборната кампања во Полска.

Владејачката партија „Право и правда“ (PiS) тврди дека поддршката која опозицијата ја дава за ЛГБТ заедницата претставува закана за полската култура и вредности.

PiS поголем дел од кампањата за изборите во Европскиот парламент минатиот месец, ја водеше третирајќи ја ЛГБТ заедницата како непријател, а тоа, најверојатно, ќе остане главна тема во кампањата за националните избори кои ќе се одржат во октомври или ноември, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Аналитичарите тврдат дека PiS се надева оти ќе ја обнови својата главно рурална база на гласачи, ветувајќи дека ќе се дистанцира од западниот либерализам и дека партијата би имала корист од продлабочувањето на поделбите во општеството, поради политиките кон малцинските групи, животната средина, абортусот и миграцијата.

Треба да знаете
Последни објави