Search

Во Германија потона историски позната едрилица вредна 1,7 милиони долари

Историска дрвена едрилица која неодамна беше реставрирана со инвестиција од 1,7 милиони долари, потона денеска во реката Елба, по судир со товарен брод.

Пет од 43 лица во пловилото се повредени при несраќата, од кои едно е во потешка здравствена состојба. Не постоела можност едрилицата да се извлече на брегот, додека пожарникарите и волонтерите ги спасувале патниците.

Според полицијата, едрилицата бр.5, чија реконструкција била завршена во мај, по што била изнајмувана за кратки патувања, се судрила со товарен брод долг 141 метар, околу 14:30 часот по локално време, во близина на Штаде во северна Германија.

Полицијата не ги објасни причините за судирот.

Товарниот брод, кој пловел под кипарско знаме, за време на судирот бил упатен кон Северното Море. По несреќата, бродот продолжил со пловидбата, а полицијата во моментов спроведува истрага на него.

Историски познатата, 37-метарска едрилица за прв пат запловила во 1883 година од бродоградилиште во Хамбург.

Треба да знаете
Последни објави