Стружанец настрадал во судир на два автомобили и камион

Жител на стручкото село Враништа бил тешко повреден во судир на два автомобили и камион, информираше МВР.

Според полицијата, сообрќајната несреќа се случила вчера околу 17.10 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Ботун. Тогаш се судриле автомобил „форд ескорт“ што го управувал И.И.(29) од Требош, камион „Ман“ со полуприколка управуван од Т.К.(63) од Куманово, како и автомобил „Пежо 208“ управуван од Б.К.(32) од Враништа.

Во нереќата тешко бил пов реден Б.К., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави