Во Гевгелија отворена изложба за женската миграција

Интересна и многу привлечна изложба на тема „Фемиграции” беше отворена во ликовната галерија „Амам” во Гевгелија каде до 13 јуни ќе може да се погледнат делата на дваесетина уметници од земјата кои на свој индивидуален начин визуелно одговараат на предизвикот поврзан со жената и миграциите.

-Балканот има сериозна историја на миграции уште од големите преместувања на народите за време на балканските војни, но и преку печалбарството како дамнешна и трајна традиција за потрага на начин за издршување на семејството, велат уметниците кои потенцираа дека последната деценија, особено жителите на Гевгелија биле директни сведоци на најмасовната бегалска криза на овие простори.

Во таков трагичен вртлог, нагласуваат тие ,жените најчесто први реагираат во криза и дали по пат или во кампови, во матичните земји или крајните дестинации, жените секогаш се клучен актер во грижата, одржувањето и обновата на нивните зедници.

Низ дваесетината дела изразени со ликовен јазик се насеваат дека нивната приказна ќе даде придонес кон темата која како концепт е мошне актуелна поледниве години на глобалната визуелна сцена.

Треба да знаете
Последни објави