СДСМ: Мицкоски не знае економија:  растот на економијата е 4,1 проценти

Официјалните податоци од државни институции ги демантираа сите лажни вести и измислици на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.

Има разлика. Математички прецизно, растот на економијата во првиот квартал од годината е 4,1 отсто и е највисок раст во последните две години.

Стапката на невработеност изнесува 17,8 отсто, што е историски најниско ниво. Можеби ако се посветел на учење основи на економија, наместо на бизнисот со хидроцетрланите, Мицкоски ќе знаеше нешто, вака се покажа дека нема основни познавања од економија.

Го охрабруваме Мицкоски да ја следи работата на Владата и премиерот Зоран Заев, да учи како се води реална, развојна економија и како се работи во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави