Путин: Случајот „Хуавеј” би можел да биде почеток за нова технолошка војна

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека обидите на САД да го протераат кинескиот гигант Хуавеј од светските пазари може да бидат прв знак за нова технолошка војна.

– Постојат обиди не само да се осуети ситуацијата во Хуавеј туку со сила да се протера од глобалните пазари. Во некои кругови тоа го нарекуваат прва технолошка војна во претстојната дигитална ера, изјави Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Министерството за трговија на САД во средината на мај ја стави Хуавеј на црната листа, со што компанијата не може да купува компоненти и технологија од американски производители.

Треба да знаете
Последни објави