Пресврт: Рабио може да остане во ПСЖ

– Фудбалерот Адриен Рабио соопштил на раководството на клубот ПСЖ дека е подготвен да седне на преговори за продолжување на договорот, соопштува на Твитер новинарот Ромен Молина. 24-годишниот Рабио не играл за ПСЖ од декември, бидејќи одби да го продолжи договорот со клубот од француската престолнина.

Во сезоната 2018/2019, Рабио забележа 20 натпревари во сите натпреварувања, како и 2 гола и 2 асистенции. Според сајтот transfermarkt.de, цената на полудефанзивецот е 35 милиони евра.

Фаворит за неговиот потпис до овој момент беше сметан Манчестер Јунајтед, кој, според различни информации во медиумите, е подготвен да му понуди плата од редот на 170 илјади фунти неделно, ако ја прифати понудата на клубот.

Треба да знаете
Последни објави