Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

Во индустриската палата, изложбениот простор каде што се одржува Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор, денеска ќе биде официјално отворен павилјонот на Република Северна Македонија кој е насловен „Оваа зграда зборува (на)вистина”.

Автор на павилјонот е Филип Јовановски, кураторка е Ивана Васева, а комесар е Фросина Зафировска, директорка на Музеј на град Скопје, институција носител на проектот.

Павилјонот се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони” и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео насловено „Кино Култура” кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

Отворањето ќе биде одбележано со настап на актерката Кристина Леловац во рамки на просторната инсталација, а потоа ќе следува промоција на публикацијата со настап на Телемама.

Треба да знаете
Последни објави