(Фото) Полските навивачи вчера се тепаа, денеска се ладат во фонтаната на плоштад

Атмосферата во центарот на Скопје полека зоврива поради претстојниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Полска, а за тоа се грижат и навивачите на противникот кои уште од вчера се дојдени во главниот град.

За разлика од вчера кога топлото време им удри во главите, па дел од Полјаците се тепа меѓусебе и завршија во притвор, денеска скопјани не гледаат полицајци како бркаат навивачи на Полска бидејќи гостите решија да се разладат во фонтаната на плоштадот.

Ќе видиме дали тоа е биде доволно да се „оладат“ имајќи во предвид дека има уште доста време до почетокот на натпреврот.

Од МВР информираа дека од 18 до 23 часот ќе има посебен сообраќаен режим на улиците околу стадионот.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави