Средба на министерот Дураки со постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакјан

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска оствари работна средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, двете страни изразиле задоволство од досегашниот ангажман и иницијативи на УНДП во нашата држава и искажале очекувања да продолжи досегашаната плодна соработка при реализацијата на заедничките проекти меѓу двете институции, на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Воедно, се дискутирало и за степенот на реализација на започнатите проекти, како и за подготовка на идни проекти од заеднички интерес од областа животна средина.

Треба да знаете
Последни објави