Приведени 200 полски навивачи, пак се тепале меѓу себе

Полицијата привела околу 200 навивачи на Полска откако се степале меѓу себе, попладнево во близина на стадионот.

Приведените навивачи вечерва додека трае фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска ќе бидат задржани во полициска станица, за да не се случат нови инциденти.

Тепачка меѓу навивачите имаше и вчера во кафуле на Плоштад Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави