Извлечени нови тела од Дунав, 19 загинати во судирот на бродови во Будимпешта

Унгарската полиција денеска објави дека повеќе тела се извлечени од Дунав, па бројката на луѓе кои загинаа при судирот на два брода во Будимпешта на 29-ти мај стигна до 19 , објави АП.
Само седум туристи ја преживеаја несреќата, сите Јужнокорејци, а осум нивни сонародници и еден член на екипажот се водат како исчезнати.

Унгарските обвинители претходно објавија дека украинскиот капетан на крузерот кој удри во малиот речен брод и го потопи бил капетан на брод во Холандија, кој предизвикал несреќа во таа земја во април годинава. Тие, исто така, рекоа дека истрагата покажала дека капетанот ги избришал податоците од неговиот телефон по судирот во Будимпешта, објави Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави