Дачиќ ѝ одговори на амбасадата на САД: Не го навредив Бенџамин Френклин

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави за „Спутник“ дека со пораката „Косово е Србија“ не ја уништил банкнотата од 100 долари и не го навредил Бенџамин Френклин, туку постапил целосно во согласност со суштинската идеја на тој голем американски научник и државник.

Амбасата на САД вчера го осуди учеството на Дачиќ во интернет предизвик, според кој, на банкнота од 100 долари на кирилица е напишана пораката „Косово е Србија“, а на која тој се потпишал.

„Наместо да уништува банкнота со ликот на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот Дачиќ би можел да размисли за неговата изјава: „Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи“ навела американската амбасада.

Дачиќ рекол дека Србија секогаш ќе се бори против секоја лажна нарко држава и секогаш ќе тежнееме кон мир со своите соседи. Србија никогаш нема да ја третира својата земја како соседна како што нема да го прави ни Америка. Како што не би правел ни Бенџамин Френклин. Она што го сторив е почит кон универзалниот принцип на сите признати држави, па и САД и Србија“ нагласил Дачиќ.

Треба да знаете
Последни објави