Search

Ракометарките втор пат поразени од Словенија, не се плсираа на СП

Ракометарките на Македонија денеска претрпеа уште еден пораз од репрезентацијата на Словенија и тоа со високи 11 гола разлика. Словенките победија со 38:27 и на тој начин со две победи се пласираа на Мундијалот во Јапонија.

Македонија тргна лошо уште од стартот на средбата. Домашните поведоа преку Корен, а потоа израмни Елене Ѓорѓиевска. Ова беше првото и единствено израмнување со оглед на тоа што Словенија набрзина дојде до 4:1 и потоа овие три гола ги одржуваше без поголеми проблеми. Обидите да се намали не даваа резултат. Имаше грешки во нападот, па тоа носеше и до поголема негатива.

Последен пат беше три негатива во 11. минута. Тогаш Словенија водеше со 8:5, а потоа набрзина стигна до шест гола и истите ги одржуваше со 23. минута од средбата кога водеше со 15:9. Македонија тука заигра нешто подобро во одбрана и стигна до минус четири односно намали на 12:16. Меѓутоа потоа со три гола во серија на Словенија за плус седум. Сепак, на одмор беше 20:14.

Вториот дел почна добро. Антиќ одбрани три топки во серија, но не беа искористени шансите за да се намали. Место тоа во 38. минута Словенија првпат дојде до двоцифрена разлика и поведе со 26:16 кога само стана јасно дека на овој дуел Македонија ќе претрпи висок пораз. До крајот место да се одигра мирно дојдоа нови грешки. Во обидов да се направи нешто повеќе и да се намали само се грешеше и тоа само отвори простор за контри на Словенија и многу лесни голови. Оттаму и се дојде до катастрофалните 38:27 на крајот од натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави