Search

МВР: Уапсени четворица полски навивачи, се тепале меѓусебно

Полицијата уапсила четворица навивачи на Полска, кои се дојдени во Скопје за утрешниот натпревар против репреентацијата на Македонија во рамките од квалификациите за ЕП 2020 година.

Неколку навивачи биле приведени веднаш во едно од кафулињата на кејот во центарот на грдот, а дел полицајците ги бркале низ плоштад и успеале да ги фатат и приведат. Ова е само претходница од главнината полски ултраси, кои важат за едни од највоинствените во Европа и кои се очекува да бидат околу 2.000 на утрешниот меч.

Видео: Клан Македонија

https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/303472640563462/?t=88

Треба да знаете
Последни објави