Search

Луксузен хотел на Малдиви нуди бесплатен одмор со една интересна задача

„Коко Палм Дуни Кол“ на Малдиви бара личност кој ќе се грижи за желките. Всушност, работата подразбира уживање на сонце, покрај синиот океан, на недопрена плажа со платени трошоци за сместување и храна, додека со дел од окото ќе ги набљудува и желките, пренесе „Unilad“.

Луксузниот хотел сака да ангажира личност која ќе работи две недели во август и иако за работното место не е предвидена плата, избраниот кандидат ќе добие бесплатен одмор на Малдивите.

Луксузниот хотел сака да ангажира личност која ќе работи две недели во август и иако за работното место не е предвидена плата, избраниот кандидат ќе добие бесплатен одмор на Малдивите.

Планирано е волонтерот да работи со еден од водечките британски ветеринарски специјалисти хирурзи, доктор Клер Петрос, а неговата одговорост би била да се грижи за исхраната на желките, да им го чисти просторот, да биде присутен во случај на хируршки интервенции или други медицински постапки, да присуствува на мисии за спасување на желки, како и нивно враќање во океан.

Додека е надвор од работните задачи, на стажистот му е овозможено да искуси некои од возбудите кои ги нуди ова одморалиште, како што е крстарење со заоѓање на сонцето и нуркање крај коралниот гребен Ба.

https://www.instagram.com/p/ByWUHwbDLKS/

Треба да знаете
Последни објави