Search

Деведесетитригодишен ветеран ѝ се додворуваше на Меланија Трамп

За време на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и ветераните на одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д, големо внимание предизвика 93-годишниот Томас Кутберт, кој симпатично флертуваше со Меланија.

Откако се ракуваше со Трамп, се сврте кон Меланија и искоментира: „Ех да бев 20 години помлад“.

Меланија и Доналд Трамп се насмеаа на неговот коментар.
„Би можеле да се носите со тоа“ шегувајќи се му одговори Трамп.

„Ме изненади. Кога го видов на телевизија мислев дека е поинаков, но тој е еден од нас. Неговата сопруга е исто така многу љубезна“ подоцна рекол ветеранот.

Треба да знаете
Последни објави