Search

Се скина кабел на жичница во Швајцарија, седуммина повредени

Најмалку седум лица беа повредени кога кабелот, кој ја придржува гондолата во швајцарското планинско одморалиште, се скина за време на работите околу одржувањето, соопшти денеска полицијата.

Спасувачите се испратени на жичницата на планината Титлис во кантонот Обвалден, објави „Ројтерс“.

Исто така, на местото на настанот  беа испратени  четири хеликоптери,, соопшти хеликоптерската служба за итни ситуации.

Треба да знаете
Последни објави