Search

Полицијата 20 минути бркала Србин со комби полно мигранти, тој ја пробил блокадата и удрил две полициски возила

Српски државјанин на возраст од 31 години бил уапсен ноќта меѓу понеделникот и вторникот во Хрватска на автопатот Белгад-Загреб по дваесет минути  филмска потера.

Неколку минути пред полноќ, полициските службеници кои зачестено работат на борбата против трговијата со луѓе на автопатот забележале комби со регистарски таблички од Загреб, а за кое постои сомневање дека се употребува за транспорт на мигранти. Полицајците му дале звучни и светлосни сигнали за да сопре, но возачот гиигнорирал, нагло ја зголемил брзината и продолжил да вози кон Загреб.

При тоа на неколку пати возачот се обидел да го истурка од патот полициското возило кое го следело. Полицијата за да запре пред да влезе во Загреб поставила блокада на една од патарините.Но возачот не застанал, туку прво ја пробил рампата, а потоа со полна брзина удрил во два полициски автомобили. Ова го спречило да вози понатаму, па беше уапсен и пренесен во Универзитетскиот болнички центар во Загреб, каде што му се констатирани сериозни повреди.

Полицијата во комбито нашла и 33 мигранти.

Треба да знаете
Последни објави