Search

Пеколни температури ја очекуваат Македонија

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ која веќе ја зафаќа државава во следните денови температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Поради релативно високата влажност во воздухот и понатаму времето ќе биде мачно и спарно па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност додека во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Поради многу топлиот бран и УВ индекс ќе бележи голем пораст и ќе има екстремни вредности и тоа од 10 до 11 па така доколку излегувате следните денови ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесете заштитна опрема одностно капа и наочари за сонце. Старите и изнемоштените лица ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да не претстојуваат на силното сонце долг период и да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во периодот од 10 до 17 часот.

Треба да знаете
Последни објави