Search

ЕК предупредува: Намалувањето на даноците и бонусите за пензионери се ризични мерки

Одлуката на Грција за намалување на даноците и воведување бонуси за пензионерите е ризик по фискалните цели кои Атина ги договори со кредиторите од еврозоната, предупреди Европската комисија.

Потпретседателот на Комисијата Валдис Домбровскис, на прес-конференција изјави дека Грција е меѓу земјите каде се преземени најмногу реформи во последните пет години, што резултираше со зголемување на вработеноста и побарувачката на потрошувачите.

Сепак, тој предупреди дека интензитетот на реформите е забавен во последните месеци.

Грција, која доби три меѓународни пакети помош меѓу 2010 и 2015 година со цел да спречи банкрот, во август минатата година излезе од програмата за економско прилагодување, над кој надзор врше нејзините кредитори.

Официјална Атина минатиот месец воведе даночни олеснувања и исплата на бонус за пензионерите, со што делумно укина некои од мекрите за штедење, кои беа предвидени со програмата за помош.

Треба да знаете
Последни објави