Search

Саем на книгата во Гевгелија со рекорден број на издавачки куќи

Градската библиотека „Гоце Делчев” од Гевгелија го организира Саемот на книгата на кој годинава се претставуваат рекордни, дури 12 издавачки куќи, кои на гевгеличани им ги нудат своите најнови изданија од повеќе литературни жанрови.

Саемот е поставен на отворено,пред платото на Народниот театар во Гевгелија каде во наредните шест дена ќе можат да го посетуваат љубителите на книгата за кои се обезбедени попусти за купување книги.

-Ова е одлична можност за купување книги по намалени цени и по навистина многу поволни услови. На читаталеите им се нудат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела,стручна, научна и белетристичка литетарура, велат организаторите од гевгелиската библиотека

Треба да знаете
Последни објави