Search

Пукал во воздух, не давал да поминат улица

На 04.06.2019 година во 00,25 часот во СВР Скопје Ф.Ш.(38) и неговиот брат Р.Ш. (36) од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле-1“ нивниот сосед Ќ.Р.(56) по претходна вербална расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми. Повредени лица нема. Ќ.Р. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

 

Треба да знаете
Последни објави