Search

Кривични за гостиварци за тешки кражби, краделе по куќи, ординации и возила

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ф.(35) и Р.И.(38), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело “тешка кражба“ и две кривични дела “кражба“. Имено во периодот од 22.12.2017 година до 17.04.2019 година на подрачјето на Гостивар, во куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, пријавените, со употреба на физичка сила делувале на влезните врати, додека во патничките возила со кршење на стакло, по што влегувале внатре и одзеле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат, со што се стекнале со противправна имотна корист од 797.900 денари.

Треба да знаете
Последни објави