Завршна фаза од меѓународната воена вежба „Брз одговор 19″

Во рамките на завршната фаза од меѓународната воена вежба „Брз одговор 19″ (Immediate Response 19), почна преместување на Мултинационалната единица на копно од воениот полигон „Еуген Кватерник” во Слуњ до логистичката база во Капошвар во Унгарија.

Вежбата на територијата на Хрватска, Словенија и Унгарија, со која Хрватска одбележува десетгодишнина од влезот во НАТО, почна на 10 мај и ќе трае до 6 јуни.

Вежбата ја планира и насочува Командата на американските сили за Европа, и во неа учествуваа вкупно 6.500 припадници од армии на САД, Словенија, Хрватска, Македонија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Полска, Франција, Италија, Обединетото Кралство, Германија, Литванија, Црна Гора и Косово.

Треба да знаете
Последни објави