Јужнокорејските нуркачи во Будимпешта се обидуваат да стигнат до потонатиот брод

Јужнокорејските нуркачи-спасувачи денеска извршија тест-нуркање во Дунав во Будимпешта, како дел од планот да нурнат до остатоците од туристички брод кој превезуваше туристи од Јужна Кореја, а кој потона минатата недела по несреќата.

Пловечкиот хотел „Викинг Сигин“ во средата за време на силниот дожд удри во помалиот туристички брод „Сирена“ на Дунав. „Сирена“, на кој беше група Јужнокорејци, се преврте и потона во најлошата несреќа на Дунав во последниот половина век.

Досега загинаа седум лица, а за 21 исчезнато лице се претпоставува дека се мртви.

Седум Корејци беа спасени, а седум тела беа пронајдени во ноќта на несреќата. Уште 21 лице, 19 корејци и двајца Унгарци, исчезнаа и се верува дека се мртви.

Надојдената река ги спречи нуркачите да дојдат до остатоците од бродот и да ги најдат настраданите пет дена по несреќата.

„Нуркањето ќе се тестира од 8 часот наутро по локално време за да се провери можноста за подводна работа веднаш штом ќе завршат подготовките”, кажаа спасувачите во соопштението.

„Целта на денешното нуркање не е да се влезе во бродот, туку да се провери каква е ситуацијата.”

Треба да знаете
Последни објави