Search

СЈО не знаело дека на Камчев му е вратен пасошот, го виделе на телевизија

Судијка на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 му го вратила пасошот на осомничениот бизнисмен Орце Камчев, кој беше под мерки на безбедност во истрагата на СЈО „Империја“. Судот не даде одговор дали патната исправа на Камчев му е вратена времено или апсолутно, пишува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

СЈО дало дозвола за времено враќање на пасошот на Орце, но дека тоа се случило,
најверојатно дознале кога го виделе синоќа во публика и на подиумот на мечот Вардар Веспрем во Келн.

Оттаму, ни СЈО не знае кога му бил вратен пасошот на Камчев, ниту до кога тој ќе може слободно да шета во странство.

Треба да знаете
Последни објави