Папата ја повика Европа на единство

Папата Френциско ја повика Европа на единство и им рече на Европејците да се држат заедно и да ги оживеат идеалите на основачот на Европската Унија, предупредувајќи дека идеологиите и политичарите кое шират страв претставуваат закана за опстанокот на Европа.

Коментарите на Папата, кои тој ги сподели со новинарите во авионот, кога се врати од посетата на Романија, една од најмалите членки на ЕУ, се неговите први оцени дадени по изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај.

Папата Френциско, кого новинарите го прашуваа за изборите, за италијанскиот десно ориентиран лидер и министер Матео Салвини и за други европски теми, им порача на верниците да се молат
за единството на Европа.

Екстремната десница и националистите во Италија, Велика Британија, Франција и Полска освоија голем број гласови, но сепак не успеаја значително да го поткопаат балансот на проевропските
сила во ЕУ.

,,Ако не се соочи со сериозни предизвици во иднина, Европа ќе исчезне. Престанува да биде ‘Мајка Европа’ и станува ‘Баба Европа’. Таа ќе остаре и ќе ја изгуби својата цел за соработка”, предупреди тој. ,,Некој би можел да се запраша дали е ова крајот на 70-годишната авантура?”, додаде папата.

Треба да знаете
Последни објави